„Нашите луѓе се нашата организација“ – е израз што често се користи во многу компании, но за Диаверум тоа е апсолутна вистина. Без нашите извонредни колеги, кои секојдневно обезбедуваат грижа за пациентите со бубрежни заболувања- која го подобрува животот,  ние не би постоеле. Токму затоа веруваме дека да се обезбеди Вистинска грижа - значи да се грижиме и за нив.  

Во Диаверум, благосостојбата не се сведува само на физичкото здравје. Таа ги опфаќа и менталната, емоционалната и социјалната благосостојба – затоа што знаеме дека холистичкиот пристап е клучен за создавање мотивиран, посветен и силен тим. Оваа филозофија е длабоко вкоренета во нашата култура на Вистинска грижа, каде што активно градиме инклузивна средина во која вработените чувствуваат припадност, смисла и лична исполнетост. Свесни сме дека кога нашите луѓе се добри, тие можат да понудат најдобра можна грижа за нашите пациенти и со тоа да направат разлика во илјадници животи. Затоа, силната политика за благосостојба е суштински дел од нашата деловна стратегија.

Клучниот двигател за спроведување на оваа стратегија е мрежата на well-being ambassadors на Диаверум. Без разлика дали инспирираат колеги со својата енергија и посветеност кон активности за добросостојба, ја промовираат нашата култура или ги зближуваат тимовите преку заеднички иницијативи – овие луѓе имаат клучна улога во градењето на имиџот на Диаверум како здравствена организација која подеднакво се грижи за своите вработени, како и за своите пациенти.

Значењето на благосостојбата во Диаверум е уште поважно имајќи ја предвид природата на нашата работа. Нашите вработени, особено оние на првата линија во грижата за пациентите, секојдневно се соочуваат со висок стрес и емоционален напор. Цврсто верувам дека грижата за благосостојбата е заедничка одговорност – нешто што треба активно да се негува на сите нивоа во организацијата. Лидерите имаат клучна улога во тоа: тие го поставуваат примерот и ги моделираат однесувањата кои ја поттикнуваат благосостојбата. Нашите Амбасадори за благосостојба се во срцето на ова движење – вистински промотори на здрав и поддржувачки начин на работа низ нашата глобална мрежа.

„Нашите луѓе се нашата организација“ е еден од нашите водечки принципи. Со тоа што ја ставаме благосостојбата на нашите вработени во фокусот, вложуваме во самото срце на нашата мисија – обезбедување на култура на Вистинска грижа и трајно позитивно влијание врз животите на пациентите и заедниците што ги опслужуваме.

Хакан Петерсон, директор за лидерство и развој

Најнови вести

Грижа, вистинска грижа

Вистинска грижа на дело

Грижа, вистинска грижа

Светска недела на благосостојбата

Образование

Успешни Диаверум приказни