Често се вели дека силата на една организација лежи во нејзиното „зошто“ – споделено чувство на припадност и цел што го движи секој потег и одлука, како на индивидуално така и на колективно ниво.
Во Диаверум, ова се манифестира преку нашата култура на Вистинска грижа, сила што ги мотивира и инспирира нашите луѓе да даваат повеќе од она што се очекува – за нашите пациенти, едни за други и за заедниците во кои работиме.
Минатата година, Северна Македонија беше препознаена како исклучителен пример за Вистинска грижа во 2024 година, кога стана првиот тим- земја воопшто што доби признание на Diaverum Awards. Овој успех ја круниса годината на извонредни достигнувања за тимот, поставувајќи нови стандарди за унапредување на животот преку бубрежната нега која како организација се стремиме да ја обезбедиме.
Тука, Димитар Клисаровски, нашиот генерален директор, ги споделува своите размислувања за „специјалната формула“ со која се издвојуваме како национален тим.
Од отпочнувањето со работа на Диаверум во Македонија пред само шест години, оставивме неспорно трага. Земете ја на пример Првата Реналната академија, иницијатива во која имавме значајна улога во нејзиното реализирање. Во ноември 2023 година, настанот собра повеќе од 50 експерти од Македонија и Шведска, за размена на знаења и најдобри практики за унапредување на бубрежната нега во земјата. Важните разговори што се одржаа, како и водечката улога на Диаверум, веќе дадоа резултати: Министерството за здравство започна национален проект за скрининг на хронична бубрежна болест (ХББ), соопштувајќи резултати кај 2.000 лица низ целата земја, од кои половина беа скринирани од здравствените професионалци на Diaverum.
Резултатите беа импресивни – 30% од скринираните беа во некоја фаза на ХББ и им требаше дополнително тестирање, а три лица сега примаат животно важна бубрежна нега во Diaverum. Ова беше длабок потсетник за растечката распространетост на хроничната бубрежна болест, како во Северна Македонија, така и глобално — и за клучната улога што ние ја имаме во помагањето на луѓето да се справат со оваа сложена, често тивка состојба.
На крајот на минатата година имав чест да го презентирам овој проект, меѓу други, претставувајќи ја Diaverum Северна Македонија пред Шведскиот парламент во Стокхолм – земјата во која Diaverum првпат започна да се развива. Беше понижувачки момент да застанам пред тие претставници и да ја споделам приказната за тоа како индивидуалните и колективните напори на нашиот тим ја обликуваат бубрежната нега во нашата земја. Никогаш не ми беше појасно дека Вистинската грижа на Diaverum не е сопственички концепт – туку водечка мисао која можеме да ја користиме за да водиме со пример и да инспирираме значајни промени во здравството, далеку надвор од нашите клиники.
Истовремено, важно е да застанеме и да ги прославиме овие моменти, поради што бев решен да доставам номинации за Diaverum Awards 2024. Но, гледајќи го мојот тим – Надица Мисовска, Медицински директор, Анета Стамкова, специјалист за комуникации, и многумина други – се сетив нe само на „големите“ моменти, туку и на безбројните помали, често невидливи дела на Компетентност, Страст и Инспирација што се случуваат во нашата организација секој ден. Тоа ме потсети дека сме поголеми од збирот на нашите делови, група поединци посветени на нешто поголемо од себе. И тоа ми остави само една опција – да номинирам Северна Македонија како национален тим. Во тој момент тоа изгледаше како голем предизвик – но една одлука за која засекогаш ќе бидам благодарен што ја направив.
Импулсот што го изградивме во Северна Македонија е само почеток. Додека продолжуваме да ги поместуваме границите во бубрежната нега, да инспирираме соработка и да го прошируваме пристапот до животно спасувачки третмани, Вистинската грижа останува наша константа и водилка. Со тоа што одиме подалеку од очекуваното, не само што ги подобруваме животите – туку ја обликуваме иднината на бубрежната нега, чекор по чекор. И со сè што досега постигнавме, една работа е јасна – сè уште сме на почетокот.