Нашиот фокус на пружање на бубрежна нега од светска класа за секој наш пациент во секоја од нашите клиники, го овозможуваат професионализмот и стручноста на нашите вработени. Луѓе кои се грижат и кои сакаат да направат разлика.
Нашите мрежи даваат можност за личен раст и развој на меѓународно ниво. Како што е опишано подолу, ние сме разнообразен тим на луѓе од различни потекла и професии. Освен тоа што ги бараме најдобрите таленти од системот на здравствена заштита, ние исто така сакаме да учиме од другите сектори и да ги прифатиме луѓето кои сакаат да направат исчекор во нашиот свет.
Медицински сестри
Нашите медицински сестри го сочинуваат најголемиот дел од сите наши вработени. Токму тие градат непосредни и долготрајни односи со нашите пациенти и секојдневно им го подобруваат квалитетот на животот. Нашите медицински сестри се нашите експерти за нега и учествуваат во неколку програми на ниво на целото друштво, поттикнувајќи личен развој и размена на идеи.
Лекари
Лекарите се нашите експерти за медицинска исклучителност. Токму тие осигуруваат дека ги следиме највисоките стандарди во бубрежната нега, а истовремено ги надгледуваат нашите научноистражувачки програми во чиј центар се наоѓа пациентот. Лекарите во Диаверум имаат пристап до најновите знаења преку нашата образовна програма каде ги споделуваат своите искуства и учат едни од други. Заедно, тие осигуруваат дека ние сме најдобри во она што го работиме и дека го споделуваме своето знаење на меѓународно ниво.
Дополнителен клинички персонал
Нашите медицински сестри и лекарите, при пружањето на висококвалитетната нега, добиваат поддршка од цела низа на друг клинички персонал. Овие ценети вработени осигуруваат дека ние можеме да работите во нашите клиники според највисоките можни стандарди и помагаат во координирањето на многуте услуги кои што им ги пружаме на нашите пациенти.
Раководни и корпоративни тимови
Раководните и корпоративните тимови на Диаверум претставуваат разнообразна мешавина на таленти, како од здравствениот така и од други сектори. Ова екстензивно знаење од најразлични дејности, специјалности и култури ја збогатува нашата база на искуства и придонесува нови перспективи и знаења во однос на целото наше работење во повеќе од 20 земји.