Диаверум Македонија продолжува со едукативните медицински конференции, акредитирани од страна на Лекарската Комора на Македонија. Овој пат Диаверум Струмица на 17 Мај беше домаќин на едукативен стручен состанок на темата „Хронична бубрежна болест – превенција, дијагностика и третман“ на кој што присуствуваа повеќе од 60 медицински професионалци од примарното и секундарно здравство од Струмица, Радовиш и Валандово.

Најпрво состанокот го отвори Елисавета Колевска - Менаџер на Диаверум Струмица, со претставување на Диаверум компанијата и културата за вистинска грижа. Медицинското предавање започна од страна на др.Менче Неделкоска - специјалист на интерна медицина и Заменик Медицинскиот Директор на Диаверум Македонија со презентација „Алатки за дијагноза на ХББ“, а по неа следеше др.Надица Мисовска - субспецијалист нефролог и Медицинскиот Директор на Диаверум Македонија  со презентација на темата „Терапевтски пристап кај лицата со ХББ“. Предавањето го заврши одговорниот доктор на Диаверум Струмица  специјалист на интерна медицина др. Дитка Ивановска со презентација на „Саркоидоза и ХББ –приказ на случај“.

На состанокот му следеше и коктел на кој што учесниците имаа можност да воспоставуват конекции бидејќи резултатите се подобри кога заедно градиме мостови.