Овој октомври од 14ти до 17ти се одржа 51вата EDTNA/ERCA Меѓународната Конференција во Вилниус, Литванија која што Диаверум Северна Македонија ја посети со три претставници, Директорот на медицински сестри Сокица Геговска, главната сестра на Диаверум Железара Светлана Цветкова и главната сестра на Диаверум Кочани Билјана Јосифова. Тимот на Диаверум Северна Македонија активно учествуваше на конференцијата и тоа со:

  • Сокица Геговска со усна презентација на темата „Patients’ Perception of Care; a renal network experience from North Macedonia“ – „Перцепција на пациентите за грижата; искуство на реналната мрежа од Северна Македонија“
  • Светлана Цветкова преку e-poster презентација на тема: „Social functioning in hemodialysis patients – where to make improvement?“ - „Социјалното функционирање кај пациентите на хемодијализа – каде да се подобри?“
Исто така, Сокица Геговска беше дел и од презентерите на симпозиумот кој што беше организиран од Диаверум Глобал на темата „Optimising healthcare through improved health literacy“ - „Оптимизирање на здравствената заштита преку подобрена здравствена писменост“.